Сугаревски и Китанов на увид во градежните работи на автопатот Штип-Миладиновци
Пролонгирано е пуштањето за сообраќај на автопатот Штип-Миладиновци, за половина месец, поради дополнителни градежни работи и врнежите од дожд. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов, градоначалниците на Штип и Свети Николе, Благој Бочварски и Сашко Велковски денеска направија увид на градежните работи.