Тевдовски: Повисоката наплата на даноци и придонеси покажува зголемена економска активност
Наплатата на даноци и придонеси заклучно август е повисока за 120 милиони евра во однос на минатата година. Ова, според министерот за финансии Драган Тевдовски, укажува на поголема економска активност, односно поголема добивка на фирмите, повисоки плати и нови работни места.