За Тевдовски проектираниот раст остварлив, за гувернерката зависи од последните два квартала
Македонија има капацитет да го достигне проектираниот раст од 3,2 проценти, смета министерот за финансии Драган Тевдовски, а според гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска постојат ризици и тоа ќе зависи од тоа што ќе се случува во натамошниот период.