Тевдовски: Ликвидноста на буџетот одлична, немаме потреба од ребаланс
Макроекономските показатели се одлични и позитивни, а и ликвидноста на буџетот е одлична и од тој аспект нема потреба од ребаланс на буџетот, оцени министерот за финансии Драган Тевдовски, укажувајќи дека анализи секако се прават и доколку се смета дека треба да направат некои корекции тоа ќе биде соопштено.