Зголемени плати за вработените во училиштата, СОНК бара да трендот да продолжи
Вработените во основното и средното образование во октомври, со исплата на септемвриската плата ќе го добијат зголемувањето за пет проценти. Одлуката ја донесе вчера Владата, а денеска во насока на реализација на ова зголемување на платите Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат на образование, наука и култура на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка.