Раст на кредитите и депозитите, најмногу кај домаќинствата
И кредитите и депозитите во јули забележале раст. Податоците на НБРМ покажуваат дека на годишно ниво растот на депозитите е 11,3 проценти, додека на месечно 1,3 отсто. Притоа поинтензивен е растот кај корпоративниот сектор. На годишно ниво, пак, поголем придонес кон раст на депозитите има секторот домаќинства.