Цената на сливите два до осум денари, предложени субвенции за откуп
Од два до осум денари за килограм, толку според земјоделците е годинашната откупна цена на модрите сливи за разлика од лани кога беше 20 денари. Овоштарите од Радовиш бараат дел од сливите да одат за откуп, а дел за индустриска преработка, додека производителите од Пијанец за денеска во 10 часот најавија мирен протест пред општинската зграда на Делчево.