МФ: Јавниот долг зголемен, но во рамки на ланскиот
Јавниот долг на Македонија во вториот квартал од годинава за 0,1 процент го надмина ланското ниво, кога прв пат беше намален по девет години и изнесуваше 47,6 отсто од БДП. Во вториот квартал од 2018. јавниот долг изнесува 47,7 отсто од БДП, соопшти Министерството за финансии на својата веб-страница.