Одземена лиценцата на „Сан петролеум“ за трговија на големо со сурова нафта и деривати
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт - трговија на големо со Еуродизел БС (Д-Е V), Еуросупер БС 95 и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), на Друштвото за производство, трговија и услуги „Сан петролеум“ ДООЕЛ увоз-извоз – Скопје.