Анѓушев: Економијата се мери со бројки, а не со политизирање
Растот на индустриското производство од 12,1 отсто во јуни годинава во однос на истиот период лани и растот на просечната плата забележан во мај покажуваат дека економските политики на Владата се добри и оти даваат резултати на долг рок, порача вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција во Владата.