Сугарески: Ќе се зголеми искористеноста на капиталните инвестиции
Во второто полугодие од годинава сериозно ќе се зголеми искористеноста на предвидените 393 милиони евра буџетски средства за капитални инвестиции и на оние кои се на располагање надвор од буџетот за патната и железничката инфраструктура, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот во патиштата до технолошко развојната зона кај Алинци, близу Прилеп.