Царината откри измами и заплени цигари, козметика и облека
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани рачни часовници, очила за сонце, ремени, паричници, алати, делови за автомобили, козметика, приврзоци, бижутерија, гранитни плочки, облека, патенти, ќеси и цигари.