ССК: Ако продолжи укинувањето на ДУП-овите, ќе пропадне високоградбата
Да престане укинувањето на донесените детални урбанистички планови (ДУП) зашто тоа ја доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите, а големи финансиски штети, освен нив, трпат и останатите поврзани сектори, граѓаните кои одлучиле да купат стан, како и банките и државата, апелира денеска Сојузот на стопански комори (ССК).