Во Скопје денеска се одржува конференција на тема „Паметно учење за зголемена продуктивност: Патот на „Lean six sigma““. Организатор е „Smart learning factory - Skopje“(СЛФС), во соработка со активноста на УСАИД, „Партнерства за економски раст“.
Во овој период расте и вредноста на исплатените штети покриени со осигурување. За првите пет месеци годинава осигурениците наплатиле 1,95 милијарди денари или 31,7 милиони евра од осигурителните компании.
Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.
Од ЕВЕТ соопштија дека ќе бидат домаќини на бизнис-делегацијата од 30 бизниси, кои ќе одржат приватни средби (B2B) со претставници на грчки бизниси со цел разгледување на можностите за нови соработки.
Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти.
Поради недостаток на правна основа од земјите од ЕУ за размена на податоци со земјите кои не се членки, зелените коридори почнаа да се поставуваат на клучните гранични премини кои го поврзуваат регионот, но само во еден правец.
Компаниите од нашата земја се од различни области во трговскиот, индустрискиот и услужниот сектор, како што се енергетиката, градежништвото и ИТ технологии.
Лидл Македонија ДООЕЛ Скопје купи имот на Скопски пазар АД Скопје во Општина Гази Баба кај локацијата на поранешен Бриколаж за 9.564.485 евра.
Од вкупно 62 978 странски туристи, 25 324 се од Турција, 3 254 од Германија, 5 006 од Србија, 2 766 од Грција, 2 319 од Бугарија, 2 116 од Хрватска, 1 892 од Словенија...
Падот на побарувачака на текстилните производи во европските земји, а особено во Германија се рефлектира и врз работата на македонските текстилни конфекции, изјави денеска Ангел Димитров од Организација на работодавачи.