Ефекти од субвенциите само кај сточарските фарми, процедурите сложени, исплатата задоцнета
Според анализата која беше промовирана денеска во Министерството за земјоделство, субвенциите дале најголем ефект во сточарството, кај фармите кои одгледуваат добиток и произведуваат сточна храна, додека за другите сектори државата треба да воведе дополнителни, но и поинакви мерки.