Грција и Турција актуелни и оваа летна сезона, иако аранжманите се поскапи
Грција останува топ дестинација за летување за македонските граѓани. Најголем дел од нив ќе одмараат во туристичките места во соседна Грција, иако годинава аранжманите се поскапи за разлика од лани, а воведена е и туристичка такса којашто се движи од 0,5 до четири евра во зависност од сместувањето.