Мандатот на Богов истекува, предлогот за Ангеловска-Бежоска пред пратениците
Истекува седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Според предлогот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието, Богов треба да го наследи Анита Ангеловска-Бежоска.