Тевдовски: Со грант од ЕБОР ќе се поддржи изградбата на автопатот Гостивар-Кичево
Автопатите Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце и патот Крива Паланка до границата со Бугарија, се идните проекти кои ќе бидат во фокусот на соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на ЕБОР, што се одржуваат во Јордан.