Дисциплинска постапка е поведена против Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот во „Фени“, од страна на стечајниот управник на комбинатот во стечај.
Македонија ќе ги користи можностите од Зелениот климатски фонд за периодот од октомври 2017 до март 2018 година, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Народната банка на Република Македонија ја задржува проекцијата на раст на БДП за годинава до 3,2 проценти и за наредната година до 3,5 проценти.
Собранието на Република Македонија денеска на првото продолжение на 45. седница го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Синдикатот на „Еурокомпозит“ денеска го прекина штрајкот и протестот пред Владата по постигнатиот договор со премиерот Зоран Заев.
Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Еднаш засекогаш треба да ја расчистиме дилемата: што треба кај нас да се произведува. Се уште лутаме и ги немаме дефинирано стратегиските производи. Ако некој производ е стратегиски, треба да му се даде и такво значење.
Цените на роамингот за Македонија и за Србија ќе бидат намалени во август, а одлуката за тоа ќе биде донесена за време на бугарското претседавање со ЕУ, изјави министерот за транспорт на Бугарија Ивајло Московски.
Народната банка на Република Македонија денеска ќе ги објави новите макроекономски проекции за годинава.
Вработените во „Еурокомпозит“ кои протестираат пред Владата во Скопје, не постигнале договор со премиерот Зоран Заев на попладневната средба.