Пролонгиран рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството до 12 јуни
Рокот за поднесување барања за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството наместо до 15-ти овој месец, ќе се продолжи до 12 јуни 2018 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).