WITCON Конференција за бизнис и технологија - 25 говорници ќе споделуваат последни трендови од индустријата
Во Скопје во сабота, 18 мај, ќе се одржи WITCON Конференција за бизнис и технологија. Ова е второ издание на конференцијата, организирана од Women in Tech Macedonia, каде што технолошките и деловните професионалци ќе споделуваат знаења, искуство, но и најнови трендови од индустријата.