Тевдовски: 18% данок за приход над 1.000 евра
Како што рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, се предлага за приход до илјада евра персоналниот данок на доход да остане ист, 10 отсто, додека за секој приход остварен над границата од илјада евра данокот да биде 18 проценти, а такви се околу два отсто од граѓаните во Македонија.