Пониски цени во роаминг за Западен Балкан
На Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје ќе разговараме за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот со ЕУ, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на меѓународната конференција за ИКТ, иновации, регулатива и инвестиции.