Анѓушев: Сите млади луѓе кои имаат старт-ап бизниси ќе бидат поддржани
Сите млади луѓе од земјава кои имаат старт-ап бизниси ќе бидат силно поддржани да останат во Македонија, државата ќе им биде партнер да пораснат, да застанат на свои нозе и да се развиваат, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев пред почетокот на настанот по повод Европската недела на старт-апи 2018.