Намалена работата на македонските градежници во странство за 19,8%
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 306 602 илјади денари, што е за 19.8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.