Поскапи трошоците за живот и цените на мало на годишно ниво
Трошоците на живот во јануари годинава споредено со јануари минатата година се зголемени за 1,1 процент, а цените на мало за 2,3 процента. Во јануари годинава во однос на декември минатата година трошоците на живот се намалени за 0,4 отсто, а цените на мало за 0,1 отсто.