Најдобрата вредност наместо најниската цена главен критериум за јавна набавка
Наместо „најниска цена“ како единствен критериум за јавните набавки како што беше досега, со една од промените предвидени со новиот Предлог закон како критериум за најповолна понуда се поставува „економски најповолната понуда“, односно најдобар однос помеѓу цената и квалитетот - најдобра вредност.