Според министерот за финансии Драган Тевдовски, Буџетот на Република Македонија за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2017, изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
За најдобра менаџерка е прогласена Анита Спасовска од компанијата „Бучен Козјак“, а наградата за најдобар менаџер ја доби Игор Крпачовски од „АрцелорМиттал“.
Банкарскиот сектор во третиот квартал годинава покажува стабилност и отпорност, со задоволителна ликвидносна позиција и стабилна и висока солвентност, со се уште слаби остварувања во кредитната и депозитната активности.
Под мотото „Сите сме дел од истата туристичка приказна“ денеска во Скопје ќе се одржи Втората македонска туристичка берза што ја организира Националната асоцијација за дојдовен туризам.
Германската компанија „Кеслер“ ќе произведува електромотори во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Скопје1. Компанијата најави дека планира да започне со работа кон крајот на 2018 година, а производството ќе биде наменето за германскиот пазар.
Ова се дел од размислувањата на учесниците на денешната конференција за развој на туризмот во Македонија организирана од Министерството за економија.
Со бизнис клима ослободена од политика и поддршка на извозната ориентација на фирмите, но истовремено со политичка стабилност и владеење на правото, ќе се обезбеди развој на македонската економија
Директорот на КфВ банката за Македонија Рене Еешеман истакна дека со финансиската помош ќе се подобри системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар за нови седум илјади хектари и дека ќе биде одржлив и ефикасен.
– Пензискиот фонд не само што е одржлив, туку може да создава и вишоци. Во буџетот би имало екстра прилив, но доколку продолжат сегашните трендови, рече Шукаров.