Вкупно 10,9 милијарди долари изнесува трговската размена на Македонија во периодот јануари – октомври 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Министерот за финансии Драган Тевдовски очекува буџетот за 2018 година да биде донесен на време и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на расправата во матичната собраниска комисија.
Од јануари 2018 година ќе започне реализацијата на проектот “е-персонален данок на доход”. Сепак дотогаш и за оваа година граѓаните ќе треба на пролет сами да поднесат даночни пријави за 2017 година на шалтерите на УЈП.
Поради штрајк на вработените од „Фени Индустри”, патниот правец Градско – Прилеп, кај мотел Дреново ќе биде затворен за сообраќај од 11:00 до 14:00 часот.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третиот квартал годинава во однос на претходното тримесечје се повисоки за 0,9 отсто.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика извозот бележи раст од 16,9 проценти во однос на тој период лани, а увозот 12,2 проценти.
Апликацијата eTrader е новата електронска алатка на Македонската берза наменета за крајните корисници со која отсега тие ќе може преку интернет да го следат тргнувањето и својата финансиска состојба.
Харамеин оценува дека постои можност за учество на македонски компании во изградба на инфраструктурни проекти во Индонезија.
По одржување на презентацијата ќе бидат презентирани и резултатите од тргувањето во изминатите единаесет месеци и деветмесечните резултати од работењето на котираните компании.
Се зголемува бројот на физички лица кои тргнуваат на Македонската берза. Статистичките податоци од Берзата покажуваат дека има зголемување на учеството на физички лица во куповната страна на прометот.