Има можности за соработка на странските инвеститори со домашните компании, но соработката оди многу тешко бидејќи домашните компании не се подготвени на ризик и немаат стратешки визии, сметаат странските инвеститори.
ЕБОР ги продаде своите 5,245 проценти акционерски влог во Комерцијална банка АД Скопје, најголемата банка во Македонија, како дел од вообичаеното менаџирање на портфолиото.
Во фокусот на средбата биле развој на инфраструктурата и зајакнувањето на капацитетите на малите и средни претпријатија во Македонија, но и заштитата на животната средина, пречистителни станици за вода и станици за третман на отпад.
За време на Самитот изготвен е повеќегодишен акциски план, чијашто цел е справување со проблемите со кои се соочува Западен Балкан, преку прифаќање на идејата за создавање регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји.
Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија организираат бизнис форум и билатерални средби меѓу странските инвеститори и домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни дoбавувачи.
Во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија, денеска ќе биде промовирано седмото издание на каталогот „Топ 100“.
Основниот суд Велес денеска го усвои предлогот за стечајна постапка на комбинатот „Фени“ од Кавадарци, кое го поднесоа Комерцијална банка, Стопанска банка и Силк Роуд банка.
Во наредниот период планирана е изградба на 467 социјални станови во Скопје, Пехчево, Свети Николе, Виница и Пробиштип, најави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Условот не е исполнет и банките остануваат на ставот да се отвори стечај за фабриката кој ќе значи реструктуирање и рестартирање со нов инвеститор.
Доколку банките имаат инвеститор за „Фени“, нека го повикаат на утрешното рочиште за стечај, повика на денешната прес-конференција Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот во комбинатот, за кој неколку банки покренаа стечајна постапка како доверители.