Заклучно со крајот на минатата година вкупниот број на станбени згради кои се управувани од управител или заедница на сопственици изнесува 7 582, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за домување.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.
Како што пренесува во соопштение Народната банка, Јанкоски наведува дека дигиталната отпорност се дефинира како способност за заштита, справување и брзо обновување на деловните процеси на финансиската институција од настани коишто може да предизвикаат нивен прекин.
На Форумот, како што информираат од Кабинетот на гувернерката, Народната банка беше посочена како пример за земјите од регионот, која меѓу првите зеде учество во пилот-проектот за оцена на транспарентноста во однос на новиот Кодекс за транспарентност на ММФ.
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави новиот јавен повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновативноста кај македонските компании.
Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“ Фарук Шахин потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во земјава.
Поради брзото напредување на технологијата и глобализацијата, заштитата на правата од индустриска сопственост станува сè повеќе предизвикувачка.
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија - AETM, втора година по ред објавува Jавен повик за бесплатно отварање на е-продавници насловен „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси” vol.2, кој се реализира во партнерство со компанијата Visa.
Како што изјави денеска извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, во овој момент нема индикатори кои укажуваат на евентуален нов ценовен бран.