Според последните проекции што денеска ги објави НБРМ за следната година останува раст на економијата од 3,2 и 3,5 за 2019 година.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека е планирано постепена фискална консолидација која се гледа и од тоа што планираниот дефицит за следната година е понизок за 0,2 отсто од оној во 2017 година кој е предвиден на 2,9 проценти.
Според Влахо Костов, извршен директор за истражување и развој и раководител на Централна и Источна Европа и на медитеранскиот регион во „Панасоник“ Германија, за развој на паметни технологии во Македонија има добар кадар и соодветна инфраструктура.
Министерот за финансии Драган Тевдовски на дебатата за буџетот за 2018 година истакна дека вакво ревидирање се прави првпат, но е важно бидејќи тоа е основата за проекциите за наредната година.
Во однос на приходите, министерството за финансии панира зголемување на акцизата на нафтата за 3 денари односно на 3,54 денари со ДДВ.
Прогресивното оданочување ќе почне од јануари 2019 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека и сега да се подготват законите ќе нема време целата реформа да почне да се имплементира од јануари 2018 година.
Царинската управа на Република Македонија во изминатите 10 месеци од годинава ги натфрли приходите за 7,8 проценти. Остварените приходи изнесуваат 64,5 милијарди денари што е за 4,7 милијарди денари повеќе од тој период минатата година.
Можностите и предизвиците на медиумската и телекомуникациската индустрија, развојот и улогата на социјалните мрежи и платформи, обновливите извори на енергија и технологиите на иднината, се некои од темите на Самит на Македонија 2025.
Министерството за финансии денеска организира јавна дебата за Предлог-буџетот за 2018 година на која ќе присуствуваат претставници од стопанските комори, синдикатите и невладиниот сектор.
Македонија испратила барање до неколку меѓународни банки за доставување предлози за издавање Еврообврзница во првата половина на 2018 година, објави Ројтерс, повикувајќи се на банкарски извори.