Сугарески најави реконструкција на 26 патни делници, вредна 86 милиони евра
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска ги презентираа предвидените реконструкции на 26 патни правци, од кои дел се автопатски, а поголем дел делници на магистрални или регионални патишта.