Од вкупно 951 предвидени станови за градба во февруари, 606 се во Скопје
Во февруари годинава се издадени 387 одобренија за градење, што е за 9,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.Предвидена е изградба на 951 стан, од кои 606 се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика.