Производството во текстилниот сектор е во слободен пад, оценува Ангел Димитров од Организација на работодавачи.
На рангирањето што ова списание го прави секоја година се рангираат градови и региони од Европа според привлечноста, поволната бизнис клима, како и можностите за странски инвеститори.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара и еден литар ќе чини 78,50 данари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во видеоинтервју за „Еуромани“ посочила дека инфлациските трендови се позитивни, но дека централните банки и понатаму треба будно да ги следат движењата бидејќи сеуште има неизвеност и ризици.
Истовремено, раководниот тим на ИСОС одлучи, од средината на март, односно по завршување на поднесувањето на годишните завршни сметки, да спроведе сеопфатно анкетно истражување помеѓу професионалните сметководители во земјава.
Од полноќ се зголемува цената на мазутот, а цените на бензините остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Со автобус во четвртиот квартал лани биле превезени 11 166 000 патници, што е намалување за 12,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Народната банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска потпишале Договор за соработка, со кој се обезбедува поддршка во напорите на Народната банка во сферата на зелените финансии.
Поскапување на цените на услугите, како што рече, има за 50 проценти, 70 проценти, до максимум 90 проценти, а не 300 проценти како што имало во некои објави.