Азески: Мора да се бараат нови земји каде би ги пласирале нашите производи според квалитетот и цената
Азески, кој воедно е и претседател на Националниот совет за извоз (НСИ), на денешната Петта седница на НСИ што се одржува во просториите на Комората, нагласи дека со овие земји треба да се склучат договори за слободна трговија за да се диверзифицира извозот.