Струјата во трет и четврти блок ќе биде поскапа
Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто. Цената за секој блок е збир од цена за активна електрична енергија плус мрежарина.