Смета дека кога странски компании инвестираат во вакви значајни проекти, бенефит ќе има државата затоа што ќе се изгради голем инвестициски проект со финансиски средства што ќе дојдат од надвор.
Прометот во индустријата, вкупно, во октомври 2023 година, во однос на истиот месец лани, е зголемен за 4.8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услугите во третото тримесечје од 2023 година покажува зголемување во однос на третото тримесечје од 2022 за 4.1 %.
Во рамки на ЕУ, највисоко ниво има Луксембург 38 проценти или над европскиот просек, а најниско Бугарија со 31 процент под европскиот просек.
Раст од скоро 150 % на инсталираниот капацитет во обновливи извори за единаесет месеци во споредба со цела 2022 година регистрира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).
За Предлог-буџетот поднесени се вкупно 272 амандмани од овластени предлагачи, од кои 250 се од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Министерството за финансии по повод штрајкот на вработените од Државниот испитен центар (ДИЦ), со кој бараат зголемување на платите, вели дека Владата воспоставила системско решение со кое се овозможува континуиран раст на платите на сите вработени во јавниот сектор.
Одговарајќи на новинарски прашања, во однос на најавата за повлекување на бугарската такса за транзит на руски гас и барањето за проширување на капацитетите, Бектеши порача граѓаните да бидат спокојни бидејќи е обезбеден природен гас за топланите во државава.
Тој порача дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани.
Јаневски ја потенцира потребата за приоретизација на овој сектор и големата потреба на формирање на министерство за туризам и спорт со оглед на растот на приливот со кој што овој сектор придонесува во буџетот на државата и неговиот потенцијал за многу поголем раст.