Во предизборна година, власта нема да ја зголемува цената на струјата
Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба.