Експерти: Воведените царини од САД ќе имаат индиректен ефект врз автомобилската и петрохемиската индустрија во Македонија
Според универзитетскиот професор Трајко Славевски, станува збор за мал директен ефект што земјава би го имала затоа што учествуваме со многу мал процент во увозот на САД, речиси незначителен, а од друга страна САД се на 24 место на листата на наши трговски партнери.