Првата експертска мисија за билатералната мерка што се одржа во периодот од 4 до 6 октомври 2023 година, беше водена од двајца експерти од Хрватската народна банка.
За ова било разговарано на состанокот меѓу директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска, одржан во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка
По донесувањето на Законот за решавање банки од страна на Собранието, Народната банка е во процес на изработка на подзаконската регулатива, и тоа со поддршка од Секторот за финансиско советување на Светската банка.
Тој изрази надеж дека „со оваа наша посета и со нашата соработка ќе успееме да го споделиме нашето знаење, искуство, и ќе ги пренесеме овие вредности во понатамошната соработка со вашата држава“.
Се додека Уставниот суд не донесе одлука Законот за солидарен данок е во сила и компаниите кои се опфатени со него треба да го платат, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и додаде дека Владата ќе ја почитува одлуката на Судот каква и да биде.
Во земјава во август годинава се евидентирани вкупно 216.872 туристи, од кои 114.811 (52,9%) биле домашни, а 102.061 (47,1%) странски туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, во август 2023 година, во однос на август лани, е помал за 4.3%.
Во август годинава се издадени 344 одобренија за градење, што е за 9.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
На средбата, соопшти НБ, беа разгледани мерките преземени досега од страна на Народната банка за справување со инфлацијата и за одржување на финансиската стабилност.
Тој потенцира дека ова силно и континуирано партнерство продолжува и во наредниот период. До крајот на годината, додаде, очекуваме да се заокружи новата петгодишна програма.