Оттаму додаваат дека се зборувало и за продолжување на изградбата на брзата пруга од Нови Сад до Суботица и понатаму до Будимпешта.
Со зголемувањето на ДДВ на истите тие производи, повторно ќе дојде до зголемување на вредноста на потрошувачката кошничка, односно претходната мерка на загарантирани цени на основните прехранбени производи нема да има никаков ефект
Последното рангирање на рејтинг агенцијата „Фич“ која после четири години го врати нашето рангирање на „ББ+ стабилен“ покажува дека водиме економски издржани политики, смета премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, цената на овие основни прехранбени производи може да биде само дополнително намалена, но никако и зголемена.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.
Нивото на инфлација во септември 2023 продолжува да се намалува на 6,6 проценти, (од 8,3 проценти август) и е намалена трикратно во споредба со пикот на кризата во октомври од 19,8 проценти, напиша денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во објава на „Фејсбук“.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%.
Податоците коишто ги објавуваат банките и терминологијата којашто ја користат во тарифниците за услугите што ги наплатуваат, иако се детални и сеопфатни, сепак не се стандардизирани, ниту унифицирани и за граѓаните не се лесно споредливи
- Во Министерството за финансии се очекува да се одржи состанок со увозниците на моторни возила по најавите за зголемување на данокот за увоз на автомобили.
- Во компаниите во ТИРЗ зоните за една година се отворени околу 2000 работни места, покажуваат податоците на Дирекцијата на технолошко-развојни зони.