Власта ја криеше листата: Не само ајкулата, повисоко ДДВ ќе има и за риба, намази, сирење, урда, зденка, еурокрем, сладолед, мастики...
По нови повисоки цени ќе се продаваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени.