Власта и ССМ потпишаа нов Општ колективен договор за јавниот сектор, КСС се повлече, платите на функционерите остануваат енормно високи
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска после 15 години потпишаа нов Општ колективен договор за одржлив раст на платите во јавниот сектор.