Од 5 април доматите 70 денари, кромидот 60, пиперот 90, лимонот 55, бананите 70 денари
Владата денеска ја донесе Одлуката со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, ќе важи од 5 април до крајот на месецов.