Битиќи: Ги следиме берзите на сите прехранбени производи, ако има пад на цените треба да има импликации и кај крајните корисници
Сите кои се занимаваат со трговија на големо и на мало треба да ги следат берзанските цени на производите, бидејќи секое намалување на цените на берзата треба да значи и намалување на цените за нашите граѓани, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи