Во јануари не пробав диња, лубеница, цреши и грозје и не испив лименка нес кафе, вели Мицкоски за синдикалната кошничка
Во текот на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет беа присутни претставници од повеќе синдикати и од работодавачите, Владата е фасилитатор во тој процес и гледате дека ние не се криеме, сакаме да бидеме транспарентни и да одговараме на сите прашања