Агенцијата „Стандард и Пурс“ оценува дека девизните резерви растат, а банкарскиот сектор е стабилен
Девизните резерви бележат раст, инфлацијата забавува, додека стабилноста на банкарскиот сектор и натаму зајакнува, се бележи во Извештајот за кредитниот рејтинг на земјава од агенцијата „Стандард и Пурс“, во кој таа го потврдува рејтингот „ББ-“, со стабилен изглед.