Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2 отсто, а увозот за 28,7 проценти
Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4 097 486 000 евра и бележи раст од 20,2 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5 974 699 000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика