ДЗР: Застој, бавна динамика и зголемени трошоци за инфраструктурните проекти а се плаќаат и енормни камати
Постои застој и бавна динамика на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти, a трошоците за проектите се зголемени поради повисока цена на чинење на изградбата од првично планираната, како и поради споредни трошоци, констатира Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност на тема „Задолжување на субјектите од јавниот сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите и платени и створени трошоци “